Во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 70
– Куманово 2
– Дебар 6
– Штип 14
– Прилеп 2
– Тетово 25
– Струга 4
– Велес 2
– Битола 1
– Охрид 9
– Кавадарци 3
– Гостивар 11
– Струмица 1
– Крива Паланка 2
– Кочани 3
– Свети Николе 4
– Ресен 4
Новиот позитивен во Струмица како што не информираше Петре Витанов од Центарот за јавно здравје е 58 годишна жена која не се поврзува со досегашните случаи. Таа била тестирана на пунктот на Центарот во Струмица.
Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни.