Реформскиот процес за спојување на општите болници и здравствените домови, кој веќе почна да се спроведува преку Владата и Министерството за здравство, е конкретниот повод за работната посета на Гевгелија, изјави Владимир Милошев Државен секретар во Министерството за здравство, кој вчера ги посети Општата болница и Здравствениот дом во Гевгелија, каде се сретна со директорите и стручниот колегиум на двете установи.
Покрај ова, практика на Министерството за здравство ќе остане постојано да бидеме на терен за да вршиме увид на состојбата во јавните здравствени установи, проблемите со кои се соочуваат и како Министерство да им помогнеме во решавањето на проблемите и потребите кои ги имаат за подобрување на услугите и условите за работа на персоналот, посочи Милошев.