Од денес од пладневните часови па натаму територијата на Македонија ќе биде зафатена од нова влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно процесите можно е да бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и град.
Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 26 до 32 степени.