После реконструкцијата на детската градинка "Сонце" Ново Село од страна на проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување подобра средина во детските градинки“ се реализираа низа дејности поттикнати од темата за зачувување на животната средина и енергетска ефикасност. Проектот е партнерство помеѓу општините Сандански и Ново Село. Преку овој проект се изврши реконструкција на две детски градинки, едната во село Дамјаница, Општина Сандански Р.Бугарија и другата во Ново Село и се имплементираа мерки за енергетска ефикасност во нив. Вмрежувањето преку организираните работилници предвидени во проектот придонесе кон постигнување на главната цел на проектот: зајакнување на прекуграничната соработка. Оваа кампања се организираше како дел од активностите по проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување подобра средина во рамките на детските градинки“ по Програмата Интеррег- ИПА за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020.