• Fri. Nov 22nd, 2024

Ново поскапување на цените на бензиот и дизелот

Ново поскапување на цените на бензиот и дизелот. Според одлуката на Регулаторната Комисија за енергетика од полноќ ќе се вози поскап бензин и дизел. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.09.2019 година и со тоа од утре ќе се продава за 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,50 ден/лит и ќе се точи по цена од 72,00 ден/лит. Цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.09.2019 година и ќе изнесува 64,00 ден/лит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *