Ново задолжување од 700 милиони евра
Државата ќе се задолжи со 700 милиони евра, за да врати заем од 500-милиони евра,но и за покривање на дел од буџетскиот дефицит.
Издадена е осмата по ред евро-обрзница со рок за враќање од седум години и со каматна стапка од 1,625%, јави Телма.
„Ќе се изврши отплата на надворешниот долг, односно на еврообврзницата издадена во 2014 година, која доспева за враќање годинава. Остатокот ќе се искористи за финансирање на дел од буџетскиот дефицит“, информираат од Министерството за финасии.