• Fri. Nov 22nd, 2024

Нови 22 лица позитивни на КОВИД 19 во земјава

ByВане Трајков

May 16, 2020

Нови 22 случаи со КОВИД-19 се регистрирани изминатото деноноќие од направени 462 тестови, соопштија од Министерството за здравство. Од нив 9 пациенти се од Скопје, 6 од Тетово, 4 од Прилеп и по еден позитивен на коронавирус има во Куманово, Велес и Охрид.

Во Градската општа болница „8 Септември“ почина 79-годишна пациентка од Скопје која била хоспитализирана како сомнителна на КОВИД-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти и тоа 8 од Скопје, по двајца од Прилеп, Струга и Велес, и по еден пациент од Гостивар и Кратово.

 

„Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21.010 тестирања“, велат од Министерството за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *