• Fri. Nov 22nd, 2024

Нови 1396 позитивни на ковид-19 во земјава, во Југоистокот 48

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

• Направени се 11.479 тестови, а регистрирани се 1.396 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 790, Битола – 164, Прилеп – 80, Кавадарци – 41, Куманово – 31, Охрид и Гевгелија – 26, Гостивар – 24, Кичево – 22, Велес – 21, Ресен – 19, Тетово – 18, Неготино – 17, Штип и Кочани – по 16, Струга – 12, Крушево – 9, Пробиштип – 8, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Валандово и Македонски Брод – по 6, Струмица – 5, Делчево – 4, Богданци и Пехчево – по 3, Виница и Кратово – по 2, Берово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1. 

• Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од: Скопје – 199,Битола – 32, Кавадарци – 26, Ресен – 13, Охрид – 12, Тетово – 10, Неготино – 9, Гевгелија – 8, Штип – 6, Куманово, Гостивар, Велес и Струмица – по 4, Кичево и Валандово – по 3, Кочани, Радовиш, Делчево и Дојран – по 2, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 1. 

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: по едно починато лице од Демир Хисар(78г), Битола (79г), Ресен (73г), Прилеп (76г) Штип (63г) и Македонска Каменица (73г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *