1282 ученика треба да се запишат во трите средни општински училишта во учебната 2018/19 година. Комсијата за образование, култура и спорт на последната 7-ма Седница на Советот на општина Струмица, констатираше дека основното деветгодишно образование треба да го завршат вкупно 853 ученика,и тоа 563 од општина Струмица, 63 од о.Ново Село, 101 ученик од о.Василево и 126 од о.Босилово.
Деновиве до Министерството за образование и наука, доставено е и барање за воведување на нови образовни профили во СОУ „Никола Карев„ и СОУ „Димитар Влахов“.
-„Во СОУ „Никола Карев“ се бара воведување нови профили во Машинската струка за тригодишно образование за автомеханичар, инасталатор за водоводни цевки, инсталатор за греење и климатизација, а во стручното образование воведување паралелка за електроинсталатор и монтер. Во СОУ „Димитар Влахов„ во земјоделско – ветеринарната струка, се бара воведување паралелки за профили со четиригодишно образование, агротехничар,техничар фито медицина и пољоделец со тригодишно образование. Во хемиско-технолошката струка се бара воведување пекар со тригодишно образование„, – рече Томе Лазаров, заменик претседател на Комисијата за образование, култура и спорт.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во два уписни рока, јунски рок со две пријавувања и рокот во август со едно пријавување. Согласно Законот за средно образование уписот во средно училиште е задолжителен.