Во последните 24 часа во земјава се регистрирани се 125 нови случаи на Ковид-19, објави министерот за здравство Венко Филипче . По градови ја има и Струмица каде има два нови случаи. Како што не информираше Петре Витанов од Центарот за јавно здравје Струмица станува збор за 37 маж од струмичкото населено место Банско и 40 годишен маж од валандовско Балинци на кои ќе им се направат епидемиолоши контакти.
Од останатите градови најмногу има во Скопје 89 нови случаи, потоа во Куманово 4,
Штип 2, Прилеп 2, Тетово 11, Струга 3, Велес 1, Охрид 8, Гостивар 1, , Кичево 1, Ресен 1.
За последните 24 часа има и 7 починати лица од вирусот.