Дванаесет нови заболени лица со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Седум лица се од Скопје и пет од Куманово.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40) – од кои 1 починат, Куманово (8) – од кои 1 починат, Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2) и Гостивар (1).