Од полноќ нови цени на горивата. Регулаторната комисија ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати кои ќе се применуваат од 05.09.2023 година.
Нема промена на малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95. Останува 87 ден./лит. Бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар и ќе изнесува изнесува 89,50 ден./лит.
Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 ден./лит. Дизел горивото ќе се продава за цена од 81 ден./лит, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на изнесува 80,50 ден./лит.