Нови три лица се позитивни на коронавирусот и бројката на заболени од овој вирус во земјава се зголеми на 26 лица, соопшти министерот за здравство Венко Филипче,
Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив Институтот за јавно здравје направил контролни тестови, кои го потврдија претходниот резултат.