• Sat. Nov 23rd, 2024

Новите правила на ЕУ ги зголемија колоните за влез и излез од Грција, на граница се чека и по неколку часови

Почнаа долгите застои кон грчката граница.Туристите најчесто за време на викендите заглавуваат за влез и излез од земјава кон нашиот јужен сосед и по неколку часови.Таква беше сликата и викендов, а и во работните денови иако помал е застојот сепак граничниот премин Богородица е со зголемен број на возила.Туристи главно од земјава , Србија,Романија и по скоро три часа бавно се приближуваат до шалтерите за проверка на патните документи.

Македонските погранични служби на патниците им објаснувале и дека нивните грчки колеги, во согласност со безбедносните мерки на ЕУ, во последно време вршат подетална проверка на патните документи, поради што протокот на патници е забавен.

За разлика од досегашната практита кога беше доволно службениците на граничната полиција да извршат само основна контола на патниците со проверка на нивните патни документи, сега документите освен што ќе се проверуваат во шенгенскиот систем на информации ќе подлежат и на детална контрола во базата на податоци на украдени и изгубени патни документи на Интерпол.

Некои од патниците, известени порано за застојот на Евзони-Богородица, свртуваа кон преминот Дојрани-Дојран каде што имаше помалку возила и границата се минуваше доста побрзо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *