• Thu. Nov 21st, 2024

Новиот македонски филмски хит „Te dua, жими мене“ на 10 октомври во Струмица

ByЃ. K.

Sep 27, 2023

На 22-ри септември во Синеплекс се одржа премиерата на независниот, домашен филм „Te dua, жими мене“. Филмот премиерно го погледнаа четири полни кино сали, а публиката ја поздрави екипата со громогласен аплауз и стоечки овации.

На 10-ти октомври ќе се одржат проекции во Струмица и Пробиштип, а на 13 во Демир Хисар. Најавени се проекции и во Битола, Кичево, Кратово, Кавадарци, Делчево, Виница, Гевгелија и Неготино.

Станува збор за целовечерна комедија во режија на Марјан Гавриловски, а по сценарио на Никола Кузелов. Маалски џанак, коцкар и армоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.

Актери: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова.

Филмот трае 124 минути.

By Ѓ. K.