• Tue. Nov 26th, 2024

Новинарот на ВИС, Ване Трајков, ја доби наградата на ЗНМ за најдобро известување од локално и регионално значење

За серијата стории за проблематичниот тендер на ЈПКД „Комуналец“, Ване Трајков ја доби наградата на Здружението на новинари за најдобро истражување од локално и регионално значење. Истражувањето на Трајков предизвика силни реакции во јавноста и заврши со раскинување на договорот за тендерот. 

„Благодарност до ЗНМ за ова награда, која исклучително ми значи со оглед дека доаѓа од ,,фелата’’ во која припаѓам веќе со години. Би сакал ова награда да ја споделам со сите колеги дописници, кои во овие тешки времиња, се обидуваат да се носат и да одговорат на предизвикот вистинско професионално известување“, изјави Трајков.  

Оваа година, ЗНМ доделува три новинарски награди и тоа: Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2019 година за новинари од внатрешноста на Северна Македонија.

Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и беше доделена на долгогодишната новинарка на МРТ и известувач од Собранието, Мира Костиќ која годинава стави крај на својата богата новинарска кариера. Наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство им припадна на новинарите на емисијата „360 степени“ Зоран Јовановски и Славица Филиповска за прилогот со наслов „360 на терен со УЈП – итроштини и ургенции на секој чекор“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *