Општина Струмица, денеска, започна со монтажа на новите корпи за отпадоци со пепелници, односно, замена на старите со нови.
Набавени се вкупно 120 нови корпи, 60 ќе бидат поставени денеска и утре, а останатите наредната недела. Со тоа сите стари корпи за отпадоци на плоштадот и булеварите ќе бидат заменети со нови, коишто не само што изгледаат поубаво, се и многу попрактични.