• Sat. Nov 23rd, 2024

Нова студија: Короната останува на кожата девет часа, алкохолот ја уништува за 15 секунди

Вирусот САРС-КоВ-2 кој го предизвикува Ковид-19 може да остане на човечката кожа околу 9 часа, но може да се уништи целосно за само 15 секунди со употреба на 80% раствор на етанол, заклучува новата студија.

Студијата, објавена на почетокот на октомври во Клиниката за инфективни болести на Оксфорд, имаше за цел да истражи колку време САРС-КоВ-2 останува на кожата. Иако постојат истражувања за тоа колку долго останува на различни подлоги како метал и картон и мазни површини, нема точни индикации за тоа колку долго овој вирус останува на нашата кожа.

Во оваа студија на јапонски научници од универзитетот во Кјото, се покажа дека во просек вирусот преживува на кожата околу 9 часа, најкратко околу 7,96, а најдолго околу 10,2 часа, што е нешто подолго отколку што останува на кожата вирусот од групата А – околу два часа.

Сепак, двата вируси можат ефикасно да се уништат со средства за дезинфекција на рацете врз основа на алкохол. Во оваа работа, научниците користеле 80% етанол, едно од вообичаените средства за дезинфекција. Докажано е дека овој агенс го уништува вирусот за само 15 секунди. За дезинфекција се користат средства кои содржат повеќе од 70% алкохол, а ова се едни од најчестите средства за дезинфекција што сме имале можност да ги користиме во периодот од прогласувањето на пандемијата.

Со кивање и кашлање, вирусот лесно се пренесува на кожата, особено на рацете, од каде, ако некој го допре лицето, може да влезе во респираторниот систем преку очите и носот.

Овој труд ја покажува важноста на основните хигиенски мерки и ефективноста на широко достапните средства за дезинфекција на рацете, базирани на алкохол. Тоа исто така значи дека овие производи можат ефикасно да се користат за дезинфекција на помали области, како што се чевлите.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *