• Sun. Nov 24th, 2024

Нова патарина од јуни на автопат Демир Капија – Смоквица

На само две недели од стартот на туристичката сезона граѓаните кои ќе патуваат кон Грција ќе имаат дополнителен трошок за патарина. Едната од двете предвидени патарини на новиот автопат Демир Капија – Смоквица ќе почне со наплата на почетокот на јуни.

Другата патарина која ќе се наоѓа кај Демир Капија ќе биде готова до крајот на годината бидејќи поради појава на свлечиште на теренот било неопходно препроектирање.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта, најскапа е патарината Петровец – Велес на која за да помине патничко возило треба да плати 80 денари. Потоа следат рампите Велес-Градско и Куманово-Миладиновци во двата правци каде за патничко возило таксата е 60 денари. Автомобилите за да поминат на рампите Скопје-Петровец, Скопје-Миладиновци, Скопје-Тетово во двата правци треба да платат такса од 40 денари, додека најевтина е наплатната рампа Тетово-Гостивар и обратно која чини 30 денари.

Минатата година во државната каса од наплата на патарина се инкасирани 40,5 милиони евра што е за 5 отсто повеќе од лани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *