Надзорниот одбор на НЛБ Тутунска банка му предлага на Собранието на акционери на НЛБ Тутунска банка АД Скопје да ја усвои Предлог – Одлуката за промена на назив на НЛБ Тутунска банка АД Скопје.
Врз основа на член 39 од Статутот на Банката, Собранието на НЛБ Тутунска банка ја донесе следната Предлог Одлука:
1. Се менува називот на НЛБ Тутунска банка АД Скопје во “НЛБ Банка АД Скопје”;
2. Скратениот назив на НЛБ Банка АД Скопје, ќе гласи “НЛБ Банка”;
3. Оваа одлука стапува на сила по добивање на Согласност од Гувернерот на НБРМ за промена на називот на Банката, како и по добивање на Согласност од Гувернерот на НБРМ за измени и дополнувања на Статутот на Банката.
Промената на називот на НЛБ Тутунска банка АД Скопје се прави по инструкции од матичната НЛБ од Словенија за ребрендирање на сите членки на НЛБ Групацијата.