• Fri. Nov 22nd, 2024

„Ништо не добивме од Брисел“: Српските медиуми со критики по самитот ЕУ – Западен Балкан

По вчерашниот Самит на ЕУ – Западен Балкан и заедничката прес-конференција на лидерите на Србија, Северна Македонија и Албанија, во Белград бројни се реакциите од неуспехот на носењето на каква било одлука на ЕУ за евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

Анализирајќи ги вчерашните настани и изјави од Брисел, медиумите и аналитичарите едногласно одат со констатации кои се гледаат од самите наслови. Како што Б92 оценува дека ,,Нас очигледно не нѐ сакаат во ЕУ”, Блиц ,,EУ сака заедница на богати земји” и РТС ,,Ништо не добивме од Брисел, и ништо не беше понудено” или Курир ,,Вчера се случиа некои чудни работи”.

Од аналитичарите во медиумите, „Данас“ го цитира правникот Милан Антонијевиќ, кој кажа дека би „било подобро за целиот регион да почнаа пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Односно да добиеја датум за почеток на преговорите, направено е многу, направени се храбри чекори кога се гледа внатрешната јавност во тие земји, но, на крајот, таква одлука немаше“.

Тој за телевизија Н1 оцени дека изјавата на претседателот Александар Вучиќ, на заедничката прес-конференција со премиерите на Албанија и Северна Македонија биле во духот на нивната заедничка одлука да заминат до Брисел.

Со слична констатација е и претседателката на Центарот за надворешна политика Сузана Грубјешиќ. Таа за РТС оцени дека „Србија останала без отворени нови кластери, а Северна Македонија и Албанија не ни започнале преговори“, Грубејшиќ изрази надеж оти на крајот на годината регионот може да очекува забрзување.

Таа оцени дека е добро што претседателот на Србија, Албанија и Северна Македонија, заедно настапиле во Брисел.

„Уште подобро ќе беше целиот регион да зборуваше со еден глас, таквиот пристап би имал повеќе ефекти, но многу е добро што Србија, Албанија и Северна Македонија дејствуваа заедно, изразија ставови и незадоволство од развојот и резултатите од самитот во Брисел“, рече Грубјешиќ.

извоp: makfax

самитот на западниот балкан

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *