• Fri. Nov 22nd, 2024

Николовски: Утре во маркетите ќе го има маслото за јадење од Србија

ByВане Трајков

Apr 19, 2022

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти дека денеска се испорачани првите количини зејтин од Србија кои утре веќе треба да се најдат во маркетите.

Тој уште еднаш апелира граѓаните да не се грижат и да не трупаат залихи, зашто масло, како што рече, има. Не се увезува само од Србија, туку и од Русија, Украина и Бугарија.

“Гарантираме дека има доволно количини. Имаме зголемено домашно производство и денеска имаме увоз и од Русија, Украина и Бугарија, и на масло за јадење и на нерафинирано масло така што воопшто нема потреба од никаква паника и од зголемување на домашните залихи. Ја сфаќаме загриженоста, но максимално се работи на обезбедување доволно количини”, потенцира Николовски.

Одговорајќи на новинарски прашања, министерот повтори и дека доколку има потреба, покрај предвидените два милиона литри, ќе се бара увоз на дополнителни количини масло за јадење од Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *