• Fri. Nov 22nd, 2024

Ниедна сирена за тревога во земјава не функционира

Ниедна сирена за тревога во земјава не функционира 

Сирените кои треба да сигнализираат тревога и опасност при загрозување на безбедноста на граните во земјава не функционираат. Во Струмица од постоечките 6, инсталирани на различни локации на клучни места, се деинсталирани, оти сопственичката структура на објектите била променета.

Сега ако настане некаква непогода и се констатира потребата од алармирање на населението се користи емаил соопштение до сите надлежни, општина, полиција, итна медицинска помош, АРМ, но колку алармот за евакуација ќе стигне до граѓаните не се знае. Русев од своето долгогодишно искуство дециден е дека сирените се најдобар безбедносен сигнал.

Колку за споредба во соседството сите сирени за тревога функционираат безпрекорно, без разлика дали се монтирани на објекти во државна сопственост или приватна. ЦУК има должност еднаш во годината да ги тестира, за разлика од кај нас кога истите се отстранети оти објектите биле веќе во приватна сопственост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *