• Sat. Nov 23rd, 2024

Не се одложува рокот за завршните сметки

Не се одложува рокот за завршните сметки.

Владата не попушта, сметководителите нема да добијат пролонгирање на рокот за доставување на завршните сметки. Министерот за економија Крешник Бектеши е категоричен, сметководителите да ја завршат својата обврска до 15ти овој месец. Бектеши тврди дека сметководителите не претрпеле потешкотии во работењето од ковид кризата.

„Како Министерство за економија, заедно со финансии со Управата за јавни приходи, Централниот регистар сме одлучиле да нема пролонгирање на подготвувањето и доставување на завршните сметки од страна на сметководителите“, рече Бектеши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *