Уставниот суд донесе конечна одлука. Субвенциите на земјоделците може да се исплаќаат откако на денешната седница и официјално ги укина оспорените одредби од Изборниот законик. Сепак до исплата на парите за земјоделците ќе се чека одлуката на Уставен да излезе во Службен весник. Вака информираат и од миниситерството за финансии при што посочуваат дека по официјалното објавување на одлуката на Уставен, ќе пристапат кон исплата на субвенциите согласно динамиката предложена од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството .
Сега се чека на Службен весник. Нема рокови кога треба да излезе одлуката на Уставниот суд а паралелно тече рокот за составување Нова влада. Од тука останува дилемата кога и кој ќе ја започне исплатата, сегашниот или новиот минситер за финансии.
Според податоците од Платежната агенција, досега до Минситерството за финансии се испратени и потпишани налози во вредност од 50 милиони евра за исплата на субвенции до земјоделците. Станува збор за неисплатени субвенции за минатата но и за 2015 тата година