• Fri. Nov 22nd, 2024

Не користете петарди, може да добиете трајни оштетувања по рацете – едукација од доктори од Универзитетската клиника

ByВане Трајков

Dec 23, 2022

Доктори од Универзитетската клиника за Пластична и реконструктивна хирургија денеска во СОУ Јане Сандански од Струмица ги едуцираа учениците за последиците од употребата на петарди и пиротехнички средства. Како што кажа доктор Гродана Георгиева користењето на петарди за време на празниците може да направат трајни оштетувања на шаката од рацете на малдите и децата а може да изгубат и прсти што никој не го посакува.

Заради пандемијата и немањето прослави и ограниченото движење изминативе години немалог голем број на случаи но оштетувања од користење на петарди но во пресрет на празниците младите и нивните родители треба да размислат дали да користат пиротехнички средства

„На Универзитетската клиника за Пластична и реконструктивна хирургија имаме случаи каде доаѓаат млади со трајни оштетувања по раката. Затоа наш апел е да не се користат оти истите знаат да бидат фатални ,, кажа Георгиева

Освен Георгиева на едукацијата беа и Катерина Јовановска, Софија Тушева  докторки кои специјализираат на Универзитетската клиника за Пластична и реконструктивна хирургија каде вообичаено се носат пациенти кои добиле повреди по рацете или изгореници при пукање на петарди

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *