Неславен старт на откупот на домати во струмичко. Само една недела по почетокот на бербата на производството од пластениците, цената е 20 денари за килограм. Земјоделците се загрижени и се надеваат дека станува збор за привремен проблем во откупот.
„Вистина е дека цената е само 20 денари за килограм домати, и нема сомнеж дека тоа е многу ниска цена којашто не ги покрива производствените трошоци, но јас искрено се надевам дека станува збор за некои неусогласености со почетокот на откупот“, рече Ристо Велков од сојузот на земјоделски синдикати
Велков вели дека трговците две децении тргуваат со исти побарувачи и малку се работи на отворање на нови пазари, поради што во откупот често се појавуваат исти проблеми.
Откупот на доматите почна пред десетина денови по цена од 35 до 40 денари за килограм. Во следниот период се очекува најголема понуда, затоа што ќе стаса речиси целото производство од пластеници.
Сузана Мицева