Нема да има струмичко полуфинале од фудбалскиот КУП на Македонија. Двата струмички прволигаши ги добија противниците во полуфиналните двојки од ова натпреварување што значи со евентуална победа на Академија Пандев и Беласица можно е струмичко финале за ова титула
Според денешната ждрепка Беласица за противник го доби тимот на Македонија ЃП додека Академија Пандев прилепска Победа. Првите мечеви ќе се играат во март идната година додека реваншите во април
Беласица по лошо ќе ја памети Македонија ЃП по последниот пораз на свој терен од 4:1, додека пандевци имаат позитивен биланс во дуелите со прилепчани ова сезона. Но ова не значи дека се фаворити. ќе треба максимално да се влезе во двата дуели за да се трасира патот до КУП титулата
Во случај на подобар скор од своите противници, Академија Пандев и Беласица може да играат за КУП финале што ќе биде историја за струмичкито фудбал