• Sat. Nov 23rd, 2024

Нема место за паника, храна има доволно вели министерот Бектеши

ByВане Трајков

Mar 17, 2020

На вчерашната владина седница беше донесена одлука за замрзнување на цените на основните продукти односно на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциски средства.

Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, Пазарниот инспекторат ќе врши контроли во супермаркетите дали се почитуваат цените, а граѓаните доколку забележат непочитување на оваа мерка можат да пријават на телефонскиот број 02 3220-547. Ќе се вршат контроли и во магацините и дистрибутивните центри за да ја утврди ситуацијата за можни скриени залихи на основни прехранбени производи.

„Би сакал како министер за економија да ги повикам граѓаните разумно да купуваат, а маркетите  да направат планови за да им излезат во пресрет на граѓаните. Место за паника нема, залихи на сите неопходни намирници има“, рече Бектеши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *