• Sat. Nov 23rd, 2024

Нема казна за Шкендија, ФФМ ја одби жалбата на Академија Пандев

ФФМ ја одби жалбата на Академија Пандев за случајот ,, младинец,, за мечот во Тетово против Шкендија. Натпреварувачката комисија не констатираше пропусти на правилникот и пропозициите за игра во Прва лига и натпреварот Шкендија – Академија Пандев го регистрираше со постоечкиот резултат 1-0 иако домаќините цели 15 минути немаше младинец на теренот

Комисијата за натпреварување при Фудбалската федерација на Македонија по разгледување на жалбените наводи и документацијата ја утврдила следната фактичка состојба:

,,Комисијата за натпреварување во конкретниот случај ги ценеше и другите оконости кои влијаеле на последиците од постапките на пријавената екипа, но од писмените докази се утврди дека се работи за исклучување на играч заради добиен црвен картон од страна на судијата на натпреварот, добиената санкција – црвен картон има суспензивно дејство и екипата чии играч се исклучува останува со играч помалку. Согласно ова комисијата  утврди дека клубот нема направено дејство во насока на прекршување на правилото, од причина што екипата останала со играч помалку поради санкција изречена од службено лице –црвен картон. Полувремето, го играла и завршила со играч помалку,,

Инаку струмичани поднесоа жалба и бараа победа со службен резултат 0-3, затоа што Шкендија во одреден период од првото полувреме играше без младинец, фудбалер под 21 година, откако Енис Фазлагиќ беше исклучен во 21.минута од натпреварот во Тетово.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *