Сеуште не се познати причините за вчерашниот пожар во гаражите на Основен суд Струмица. По направениот увид од страна на Јавното обвинителство и полицијата сеуште се истражува како настанал пожарот во лимените гаражи кои се на осум метри позади судската зграда во строгиот центар на Струмица
Од Основен суд Струмица информира дека Во опожарената гаража не се чувани списи и доказен материјал од архивирани предмети, ниту пак списи и доказен материјал од тековни предмети. Со ова тие сакаат да ги демантираат шпекулациите што се појавија во јавноста дека се изгорени судски документи и доказен матријал
Од таму ја известуваат јавноста дека во пожарот изгорено е новонабавеното службено возило кое е осигурено, старо службено возило кои повеќе години не е во возна состојба, трајно одземени предмети со правосилни судски одлуки кои таму се чувани до нивно превземања од Агенцијата за управувањењ со одземен имот и расходуван стар мебел теписи, фотељи, столови, бироа и клима уреди
Пожарот избувна вчера околу 15 часот при што најпрво се слушнало некакво пукање тврдаат соседите на судот
Во гаснењето на пожарот буествуваше струмичката ТППЕ со 4 возила и десетина пожарникари кои за кусо време го локалзираа и не дозволија пожарот да се прошири