Откако пред неколку денови почина единствениот пациент со вештачко срце во државата, 41 годишниот Исмет Хаџиу, здружението „Храбро срце“ апелира да се посвети внимание и да се ангажираат и институциите за да им се помогне на десетината пациенти кои имаат потреба од трансплантација на срце.
Од „Храбро срце“ велат дека нивните членови коишто имаат механичка поддршка на срце носат со себе батерија којашто трае околу 2.5 години, а потоа е потребна замена. Една батерија чини околу 1.100 евра. Освен тоа, огромен проблем се лековите коишто ги користат пациентите, а голем дел од нив не се ни регистрирани во Македонија.
Според „Храбро срце“, државата треба да помогне во кревањето на свеста за органодарителството. Потребно е организарање кампањи за да можат граѓаните да ја сфатат благородноста на овој чин, дека со дарувањето органи ќе се даде можност некој друг да продолжи да живее.