Има јасни сознанија дека природниот имунитет по прележување на болеста со тек на време се намалува, а вакциналниот е оној кој е потраен, вели министерот за здравство, Венко Филипче
Ковид-центрите во Тетово и Гостивар се целосно исполнети со пациенти, па затоа дел од пациентите на кои им е потребно холпитализирање ќе се препраќаат во Скопје
Засега нема препораки за промена на одлуките за присуство на настани на отворено, односно не се разгледува можноста граѓани да може да приложат негативен ПЦР-тест и за присуствуваат на отворен настан од културата, спортот или прослава.
Ова го кажа министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали се размислува за промена на одлуките по реакциите од јавноста и угостителите.