• Sat. Nov 23rd, 2024

Нема да може да се закажува вадење пасош додека не стигнат нови обрасци

МВР повеќе нема да прима апликации за патни исправи додека не пристигнат новите обрасци кои се очекуваат во текот на следниот месец. Дотогаш системот за закажување термин за патна исправа ќе биде ставен надвор од функција.

На денешната пресконференција Чулев информираше дека Министерството располага со уште околу 3.700 преостанати обрасци за патни исправи и дел од нив, околу 650, ќе бидат искористени за оние кои веќе аплицирале за добивање пасош по итна постапка. Останатите обрасци ќе се чуваат за приоритетни медицински случаи.

Обрасците кои ги испорачува компанијата „Веридос“, согласно склучениот договор, требало да стигнат на 24 март, но според министерот Чулев има најави дека овој рок може да се скрати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *