Околу 170 илјади домаќинства ќе може од 1 декември да имаат евтина дневна тарифа на струја бидејќи само толку имаат дигитални броила – останатите би требало да добијат за некој месец подоцна. Оние кои што имаат недостапни броила за службите на евн ќе останат без дневна евтина тарфиа. Министерот за економија, Крешник Бектеши, освен за евтината тарифа на струја денеска изјави дека од следната недела ќе бидат објавени нови мерки за граѓаните и компаниите, а најави казни за пекарите кои што ја зголемија цената на лебот и не го продаваат лебот за 33 денари.