Бегалците на Идомени утрово се судрија со грчките полицајци.Мирните протести кои траат вее една недела денеска ескалираа.Бегалците сакаа насилно да го разбијат кордонот полицајци и се упатат кон нашата територија.Неколку стотина бегалци водени од фактот што веќе не ги поднесуваат условите на Идомени решиле работите да ги земат во свои раце.Грчките полицајци употребиле и физичка сила за да ги смират и за кратко време успеале да ја смират тензијата а мигрантите продолжиле со протестите но на мирен начин.На снимката јасно се гледа дека полицијата е во полна опрема наредени во кампот.
И денес извикуваа по германската канцеларка Меркел да ги отвори вратите на унијата.единственои што сакале е само мир и сигурна иднина.
Проценките се дека на импровизираниот камп сеуште се околу 13 илјади бегалци и мигранти кои чекаат пред македонската граница со цел да го продолжат патот кон северВо неделата по појавата на голем број активисти од Италија,Германија и Франција луѓето кои се овде веќе цел месец добија лажна надеж дека грчката граница со Македонија ќе се отвори.Затворање на границите на балканските земји создадоа зголемување од околу 50.000 мигранти и бегалци во Грција.Европската унија постигнаа договор со Турција овој месец,во кој сите илегални мигранти по пристигнувањето во Грција од Турција да бидат вратени назат. За возврат, ЕУ ќе преземе сириски бегалци директно од Турција.
Европа се соочува со најголемата бегалска криза по Втората светска војна, со над еден милион имигранти кои пристигнуваа на континентот минатата година. Повеќето бегалци доаѓаат од Сирија, каде што граѓанската војна убиени 250.000 луѓе и раселените 12 милиони од 2011 година, според информациите на ОН.