• Fri. Nov 22nd, 2024

Неколку недели по ред цените на нафтените деривати бележат скок

pari

Неколку недели по ред цените на нафтените деривати бележат скок.

Од РКЕ велат дека причината е растот на цените на нафтата на светско ниво.

Имено, по вчерашната одлука на регулаторното тело стана јасно дека бензините ќе се продаваат за денар и денар и половина повеќе од претходната недела и тоа значи дека ЕУРОСУПЕР БС – 95 неделава ќе се точи за 65,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 67,5 денари за литар.

Од друга страна ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини  56 денари.

Цената на масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) од денес е 45 денари за литар.

Овие цени важат до следниот понеделник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *