• Sat. Nov 23rd, 2024

Некои паралелки на настава , некои со исклучени комјутери

Учениците во неколку основни и средни училишта низ државата и денеска ја бојкотираат онлајн наставата. Бојкотот е револт кон најавената реформа во образованието којашто се однесува на замена на печатените учебници со дигитални.

Во дел од училиштата во земјава денеска повторно имаше делумен бојкот на наставата. Наставата претежно ја бојкотирале основните училишта, но има информации дека и некои средни училишта се влучиле во бојктот.
Бојкотот на наставата е инициран од фејсбук група „Учебници и настава мора да има” која апелира до родителите да ги повикаат своите деца преку отсуство од часовите со физичко присуство или со онлајн настава да изразат незадоволство од реформите. Групата брои над 70 000 членови.

Од групата се заканија дека доколку Министерството за образование не ги чуе нивните барања најавија дека в недела ќе излезат на протест низ сите градови во земјава. Бараат да се стопира носењето на Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, кој го усвои Владата на 27 април и за кој во Собранието треба да организира јавна расправа, а стручни претставници непосредно да учествуваат во негова ревизија и интервенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *