• Fri. Nov 22nd, 2024

Независниот полициски синдикат: Полицаецот од Струмица постапувал законски

ByВане Трајков

Aug 14, 2017

Отворена е истражна постапка против полицискиот службеник кој со службен пиштол повреди двајца малолетници од Радовиш кај градската капела во Струмица. Полицаецот е осомничен дека сторил кривично дело обид за убиство.  Обвинителството  ги превзеде сите мерки  а ги чека резултатите од наредените вештачења а ги сослуша и сведоците  на инцидентот

МВР вчера соопшти дека полицискиот службеник постапил спротивно од законот за полиција при што неоправдано  неосновано употребил средство за присилба огнено оружје. Денеска реагираа од независниот полициски синдикат според кој полицискиот службеник правилно и законски ги извршувал работните задачи.

,,Бараме и полициските службеници, учесници во кривично правниот настан на подрачјето на СВР Струмица да не бидат предвреме осудени, односно, на сите учесници да им биде почитувана презумпцијата на невиност. Исто така, бараме лицата кои го имаат предизвикано овој настан да добијат кривични пријави за спречување на службено лице во вршење на службено дејствие, напад врз службено лице и загрозување на безбедноста во сообраќајот“, рече Делчев Тодев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *