Вакцинацијата е докажана здравствена мерка со која се искоренети многу заболувања во светски рамки. Пред да биде воведена многу луѓе умирале од болеста вариола вера, страдале од парализа или дифтерија.
Во земјава последен случај на дифтерија е забележан во 1976 година. За болеста вариола вера е постигнато уништување во 1978 година, а парализата е елиминирана од 2002 година во цел европски регион. На Европската недела на имунизација надлежните укажа дека со вакцинација родителите ќе ги заштитат своите деца од тешки заразни заболувања и последиците од тоа.
Во рамки на одбележување на Европската недела на имунизација се врши и теренска вакцинација со цел да се откријат што повеќе невакцинирани деца . Целта е подигнување на свесноста за важноста на имунизацијата, бидејќи со тоа ќе ги заштитат своите деца од тешки заразни заболувања и последиците од тоа.
Секојдневно се работи на одржување на висок опфат на имунизација, др. Коструранова Алексиќ, тврди дека Струмица со години наназад има висок просек на опфат со имунизација, кој изнесува над 90 проценти.