1. Вистината за ирвасите на Дедо Мраз
„Ирвасите се единствените видови елени кај кои и машките и женските имаат рогови. На мажјаците роговите им паѓаат на почетокот на декември, а на женските во пролет. Па, сите ирваси на Дедо Мраз се женки.“
2. Свесни слонови
„Слоновите се едни од ретките животни кои можат да го поминат тестот со огледало. Односно, тие го препознаваат нивниот одраз во огледалото. Ова било тестирано така што на слонот му нацртале ознака на челото и му покажале огледало. Слонот почнал да ја допира ознаката на своето чело, што значи дека бил свесен дека се гледа себеси во огледалото.“
3. Зглобовите на фламингото
„Луѓето често мислат дека фламингата ги виткаат нозете на погрешна страна. Но зглобот којшто го гледате на средината на ногата е всушност нивниот глужд. Коленото им се наоѓа веднаш до трупот и се витка на ист начин како нашето.“
4. Развој на кенгури
„Мајката кенгур може да има 3 малечки истовремено во разна фаза на развој – ембрион во матката, малечко во торбата и уште едно речиси независно малечко. Она што е интересно е тоа што секоја брадавица на мајката „прави“ разна формула за млеко за потребите на секое малечко.“
5. Мачки што предат и ржат
„Постојат неколку начини на кои можете да ги класифицирате големите мачки. Најпозната е поделбата на мачки што ржат (тигри, лавови) и мачки што предат (рис). Пумата е најголемата мачка што преде.
6. Бојата на крзното на поларната мечка
„Крзното на поларната мечка не е бело, туку е транспарентно како оптичко влакно. Исто така нивната кожа е црна.“
7. Популација на лилјаци
„Една петина од сите познати видови цицачи се лилјаци.“
8. Чудни кенгури
„Кенгурите не можат да ги движат нозете независно кога се на суво. Кога пливаат можат да го прават тоа. Скокањето им е најефективниот начин на движење, а кенгурите што одат изгледаат навистина чудно.“
извор:www.kafepauza.com.mk