Утре ќе се тестира струмичанецот којшто беше позитивен на КОВИД 19. Од Центарот за јавно здравје Струмица велат дека му истекуваат 14 денови на изолација и ќе се направи контролен тест, за да се види дали се уште е присутен вирусот.
Инаку, готови се и резултатите на 15 мината од Валандово коишто беа во изолација поради контакт со заболеното лице во Јосифово. Сите тестови се негативни.
Вчера во Струмица е потврден уште еден случај на заболен со корона – вирусот. Станува збор за косовски државјанин којшто нелегално пренесувал мигранти и бил фатен од гевгелиската полиција. Тој бил тестиран овде и во моментов е на инфективната клиника во Скопје.
Од почетокот на пандемијата во струмичко се регистрирани три случаи. По еден во општина Босилово и Ново Село и последниот во Струмица.