• Thu. Nov 21st, 2024

Невладиниот сектор активно да го следат процесот на јавни набавки на локално ниво

javni nabavkiНевладините треба да го следат процесот на јавни набавки на секоја локална самоуправа или институција бидејќи како сектор треба да се информираат за трошењето на јавните пари. Ова е препораката на Герман Филков од Центарот на граѓански иницијативи кој ги едуцира струмичките невладини како да го следат трошењето на народните пари. Според него институциите во тој поглед се транспаретни колку што им дозволува законот што не е доволно.Од Центарот за граѓански иницијативи апелираат до сите институции да бидат далеку потранспаретни во процесот на јавните набавки и трошењето на народните пари.Обуката на граѓанскиот сектор за следење на процесот на јавни набавки е на Центарот на заедницата на Струмица. Обуката има за цел да им обезбеди на претставниците на граѓанските организации соодветни знаења и вештини за актуелните практики во спроведувањето и следењето на јавните набавки на локално ниво.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *