На 8 октомври (недела) во 12 часот напладне ќе се одржи премиерата на претставата за деца „Царевата нова облека“ според приказната на Ханс Кристијан Андерсен.
Режијата е на Јасмина Вучкова, драматизацијата на Ацо Гогов, а музиката на Боби Ѓошиќ.
Настапуваат: Кољо Черкезов, Коста Ангов, Оливера Аризанова’Мансбарт, Анкица Бенинова, Ванчо Василев, Стојан Велков-Трн, Танкица Стојанова и Игор Тодоров.