На 11. 08. 2023 во Амфитеатарот во градскиот парк во Струмица по втор пат ќе се случи Екцес Фестивал. На сцената на Ексцес Фестивал Vol.2 ќе настапат бендовите Daktili, Zanadu и Xarakiri!
Дактили ќе настапат во досега најсвежата постава со Бинева Џејд како вокал, Ставро Ангелаков на гитара, Љубен Маџиров натапани и Emil Ejupi на бас гитара.
Бендот Zanadu е формиран во 2021ва година, а го сочинуваат Иван Богдановски (тапани), Андреј Крстевски (бас), Марко Атанасов (гитара, синт) и Карло Јовановски (вокал, гитара). Велат дека нивната енергија најдобро се чувствува во живо.
Xarakiri е трио кое свири алтернативен рок, доаѓа од Скопје, и е сочинето од членовите Андреј Димовски (гитара, вокал), Марко Печеновиќ (бас гитара, вокал) и Виктор Стојановски (тапани). Низ нивната музика провејуваат моќни и дисторзирани гитарски рифови, строги грувови и осетливи вокали. Оформени се во 2021ва година, а досега имаат издадено едно EP кое го носи истото име како и бендот, од кое две нумери – сингловите „Спротивниот Крај“ и „Јазикот сив“ имаат и свои видео записи.
Главен покровител на овогодинешното издание е Општина Струмица, а билетите чинат 300 денари.