Матурантите кои сакаат да студираат на УКИМ помеѓу документите оваа година треба да потпишат уште една изјава – гаранција под морална, материјална и кривична одговорност, дека не се запишале на ниту еден универзитет во Македонија, но и во странство, објави ТВ 24
Ако бидат примени пак, три месеци нема да смеат да ги подигнат документите, бидејќи и овој услов преточен во изјава го бараат од најстариот македонски универзитет.
Но, освен кај студентите, оваа новина која е спротивна на Законот за високо образование, наиде на негативни реакции и кај експертите. Според професорот Илија Ацевски, овие изјави се надвор од секоја разумност и нема ниту законска ниту морална основа.