Ноќта на 26/27.03.2020 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица 10 граѓани, од кои 4 се малолетни лица, а 6 останати граѓани ги прекршиле прописите и наредбите предвидени од страна Владата и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период.
Седум од овие лица се затекнати на подрачјето на Полициската станица Радовиш, а три на подрачјето на Полициската станица Струмица. Во просториите на полициските станици се приведени седум лица.
Воедно на 26.03.2020 година до надлежните обвинителства се поднесени и 5 кривични пријави против 6 лица кои во претходниот период ја прекршиле предвидената забрана за движење во определен период, односно сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од Кривичниот законик на РСМ, од кои 3 пријави против 4 лица се поднесени до Основно јавно обвинителство Радовиш и 2 пријави против 2 лица до Основно јавно обвинителство Гевгелија.