• Fri. Nov 22nd, 2024

На струмичкиот плоштад , петиција за признавање на македонската возачка во Германија

Македонските иселеници и дијаспора во Германија покренаа петиција за признавање на македонските возачки дозволи во Германија како рамноправни. Во Германија лицата со возачки дозволи од Македонија сѐ уште треба да полагаат тестови што е додатен трошок по џебот на Македонците.За петицијата да биде успешна неопходни се 50.000 потписи, а досега се потпишани само 10 илјади.

Иницијаторите сметаат дека е непотребно да се бара од лицата кои што веќе имаат шест месеци искуство со управување моторни возила во Германија и кои поседуваат валидни македонски возачки дозволи, повторно да го преполагаат возачкиот испит во Германија. Нужноста да македонските возачи за повторно полагање на возачкиот испит е додатен финансиски како и временски трошок, но пред се, пречка во извршување на работните и секојдневните обврски поврзани со транспортот.Граѓаните со поддршка на петицијата.

Врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај од 1968 година, меѓусебно признавање на возачките дозволи (Б категорија) со Македонија е склучено со земјите-членки на Европската унија, Бугарија, Хрватска, Романија, Унгарија, Словенија, Белгија и Австрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *