• Fri. Nov 22nd, 2024

На првиот ден вакцинирани околу 3000 лица

На првиот ден вакцинирани околу 3000 лица.

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски” и денеска продолжува масовната имунизација на населението против Ковид-19, што стартуваше вчера за кога беа закажани 3000 термини. Имунизацијата се одвиваше според планираното и вчера сите пријавени примиле вакцина.

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа оцени дека одлично поминал првиот ден од вакцинацијата во А1 Арената „Борис Трајковски” и оти во просек се вакцинирале околу 300 лица на час, односно околу 3000 дневно.

-Денеска се вакцинираа дел од здравствените работници како и еден дел од припадници на МВР. Утре продолжува вакцинациајта на МВР и започнува на припадниците на АРМ. Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што следат и да ги почитуваме мерките без исклучок, објави синоќа на ФБ Филипче, потсетувајќи дека од денеска стапуваат во сила поригорозни мерки и повика сите да дадеме придонес во битката со пандемијата.

Вчера во А1 Арената пријавените лица беа вакцинирани со руската вакцина „Спутник В”. Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *