• Mon. Nov 25th, 2024

На општина Струмица и е потребен младински парламент и совет на млади – кажаа учесниците на фокус групата на Новус

Во рамките на проектот „Младите и младинските организации партнер на општина Струмица“ се одржа фокус група со претставници од младински организации и институции од општина Струмица, се вели во информацијата од Центарот за истражување и анализи ,, Новус,, од Струмица

Фокус групата била оргaнизирана со цел да се изнајдат нови начини и концепти за иницирање на младинско вклучување во младински организации, креирање на локални политики и процеси на донесување на одлуките. На истата учесниците дале  сугестии и идеи во врска со потребите на младите, но и проблемите што ги имаат во општина Струмица.

,,Заклучок од фокус групата беше дека граѓанските организации мора активно да се вклучат во мотивирање на младите за вклучување во општествените процеси и при донесување на одлуките. Потребна е поголема теренска работа, но и гласот на младите да биде артикулиран до надлежните и да биде слушнат. Покрај ова, учесниците нагласија дека на општина Струмица и е потребно формирање на младински парламент и совет на млади, како тела кои ќе ги застапуваат младите и нивните интереси.,, се вели во соопштението

Комплетните резултати од фокус групите, истражувањето и интервјуата ќе бидат составен дел од Студијата за млади што ќе ја изготви НОВУС. Во наредниот период НОВУС активно ќе работи на сите овие прашања и со своите капацитетите и знаења ќе придонесе кон унапредување на позициите на младите во општина Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *